Откако вчера во Скопје беа регистрирани дури 26 заразени од Ковид 19, денеска таа бројка се намали на 12, се наведува во дневниот извештај на министерството за здравство.

Според информациите на „Фокус“ од 12-те заразени во главниот град речиси сите се од Чаир, Сарај, Бутел и Гази Баба. Во последните десетина дена, овие скопски општини се најголема мета на опасниот вирус Ковид 19.

Како што досега неколку пати најавија здравствените власти, семејните собири и групирањата се главните проблеми што по драстичното намалување на бројките на заболени од корона вирус, сега заразата повторно букна.