Македонија се уште е лидер по стапката на смртност од Ковид-19: од 1921 дијагностицирани, 112 починале

Во текот на денешниот ден потврдени се 23 нови случаи на КОВИД-19. Вкупниот број на дијагностицирани пациенти во Македонија изнесува 1921 лице, од кои 112 починале, а 422 се активни…

Во текот на денешниот ден потврдени се 23 нови случаи на КОВИД-19. Вкупниот број на дијагностицирани пациенти во Македонија изнесува 1921 лице, од кои 112 починале, а 422 се активни случаи. Само денеска 1 лице почина, а 9 оздравеа, информираат од Институтот за јавно здравје. Оздравените пациенти се од Скопје-3, Прилеп-1, Струга-1, Велес-3 и Кочани -1.

Во ГОБ „8 Септември“ утрово почина 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на Ковид-19, а потврден како позитивен денеска.

Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања, а 23-те нови случаи на Ковид-19 се од: Скопје-12, Куманово-4, Прилеп-2, Тетово-4 и Неготино-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 8 нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, критично болни и на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ се примени 6 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 16 пациенти. На респиратор се 5, а со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, додека нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.


Related Articles