Дозволете ми од мое и од име на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам државниот празник, Денот на сесловенските просветители и учители, Св. Кирил и Методиј.

На овој ден Св. Кирил и Методиј ја започнуваат Моравската мисија на која ја шират првата словенска азбука, глаголицата. Со своето творештво македонските просветители даруваа многу народи со писменост, просветлувајќи го патот на развојот и културното издигнување.

До ден денес Македонците и светот им се благодарни на македонските просветители, чествувајќи го нивното дело. Со своето творештво Светите браќа овозможија рамноправност на милиони луѓе, нивното учеење треба да ни биде ѕвезда водилка и во овие тешки мигови кога Македонија и Светот се соочуваат со светска пандемија, кога дома имаме економска криза и тежок живот. Нивната хуманост, посветеност и пожртвуваност нека ни биде пример за тоа како и ние треба да ги живееме своите животи, алтруистички помагајќи си еден на друг, бидејќи напредокот мора да биде заедничка цел и мисија. Само така ќе ги надминеме предзвиците и ќе создаде подобро утре за сите нас.

Нашиот јазик е нашата татковина, велеше Блаже Коневски, а нашето писмо е светлината со која се издигнуваме и културно развиваме, наше идентитетско обележје и доказ дека постоиме. Не смееме да дозволиме тргување со нашиот

идентитет, и наша обврска е да се избориме за почитување на нашето наследство што е заложбина и аманет на нашите предци. Така ќе се почитуваме и себе си.

Уште еднаш нека ни е честит овој голем празник Денот и Големото дело на светите Кирил и Методиј.