Доколку дневно јадете една шака ореви, бадеми и други плодови со тврда кора можете да го намалите лошиот холестерол за 4,4 отсто, вели нутриционистката Лесли Бонци.

Бадемите се особено здрави и богати со мононезаситени масти кои се многу важни за здравјето. Но, важно е да не се претерува во конзумирањето бидејќи се богати со калории.

Таканаречените добри масти се неопходни за ниското ниво на “лошиот” холестерол, односно омега-3 содржи и рибата, и тоа како туната, лососот, скушата и сардините. Би било идеално да се  конзумира од 1,5 до 3 грама од овие масти дневно, или околу 100 грама лосос.

Добра алтернатива се и две лажици семиња од лен, кои можете да ги ставите во речиси сите видови на салати. Овошјето и зеленчукот треба да се задолжителен дел од менито, доколку ве мачи холестерол. Меѓутоа, се препорачува да се јаде свежо овошје, особено јаболката, а не да се јаде преработана, бидејќи ги губи хранливите материи што се е од суштинско значење за ниско нивото на холестеролот.

Овесот го намалува “лошиот” холестерол

Овесните снегулки се одличен појадок или ужина, бидејќи тие содржат растворливи влакна што го намалуваат “лошиот” холестерол. Покрај тоа тие се богати со протеини и јагленохидрати, бргу заситуваат и обезбедуваат енергија за речиси целиот ден.

Чаша или две црно вино  за здраво срце

Црното вино содржи флавоноиди кои помагаат во намалување на холестеролот и го штитат срцето и крвните садови. Сепак, умереноста е многу важна. Жените доволно е да се напијат една чаша на ден, а мажите можат до две. Повеќе од тоа ќе ги поништи сите корисни ефекти на виното.

Сојата го намалува холестеролот

Без разлика дали се работи за млеко или тофу, и двет подеднакво придонесуваат за намалување на “лошиот” холестерол. Но, доволно е само 25 грама од соините протеини, за да има позитивно влијание на здравјето.