Велика Британија планира да ги отвори трговските објекти што не се од првостепена важност на 15 јуни, изјави премиерот Борис Џонсон.

Мерката ќе опфати мали продавници и трговски центри. Фризерските салони и козметички салони како и хотелите, ќе останат затворени поради опасноста од пренесување на Ковид-19 во нив.

Џонсон на прес-конференција изјави дека пазарите на отворено и дилерите на автомобили можат да продолжат со работа од 1 јуни, се додека ги почитуваат мерките против коронавирусот.

– Отворањето на тие бизниси е клучен чекор на патот за обнова на економијата, изјави Џонсон. (МИА)