Гоце Чакаровски си поднел оставка од функцијата национален координатор за здравство во Владата.

Во решението што било донесено на владината седница одржана на 22-ри мај се вели дека поранешниот заменик-министер за здравство сам побарал да биде разрешен. Функцијата на Чакаровски завршува на 31 мај, а решението веќе е објавено во Службен весник, пренесе ФАКТОР.

Тој беше заменик министер за здравство до јуни 2018, а потоа битолчанецот стана Национален координатор за здравство како дел од владината реконструкција.

Чакаровски е специјалист по гинекологија и акушерство. Тој е кадар на СДСМ уште од 2009 година.