Однесувањето на детето е одраз на родителот и затоа е многу важно да разберете дека тие постојано го применуваат вашиот образец на однесување.

Ако кај вашето дете забележите некое лошо однесување, бидете свесни дека тоа најверојатно е ваше дело, односно детето ве имитира и ги впива вашите однесувања.

Еве кои се најчестите детски однесувања кои се учат од родителите, според Давид Волф:

1. Зависат од други луѓе

Родителите кои премногу се заштитнички настроени кон детето, прават тоа да стане зависно од нив, а со тек на време и од други луѓе. Децата кои се навикнати постојано некој друг да им ги решава проблемите и да носи одлуки место нив, полошо се снаоѓаат во животот. Тие несвесно го продолжуваат тој шаблон и одбираат луѓе кои ќе ги водат во животот, станувајќи зависни од нив.

2. Ги прекинуваат останатите додека зборуваат

Доколку родителите се склони да го прекинуваат соговорникот во сред реченица, нивните деца сигурно ќе го прават истото. Детето учи од својот родител, тој е неговиот модел на идентификација и се што родителот прави е правилно во очите на децата. Научете го детето колку е важно да си ги искаже своите мисли и истото да го почитува при интеракција со други луѓе.

3. Не ги почитуваат возрасните

Ќе има моменти кога некој друг ќе треба да го чува вашето дете. Роднини, бебиситерка, пријатели или соседи. Потрудете се да го научите детето дека треба да покаже одредена почит како кон вас, така и пред другите. Не си дозволувајте вашето дете да пренесе наоколу погрешна слика за вашето семејство.

4. Премногу јавно зборуваат за семејните теми

Децата од најмала возраст учат да делат. Доколку не го научите детето дека некои работи не треба да излезат од ѕидовите на вашиот дом, тие нема да знаат да направат разлика помеѓу јавното и приватното. Не сакате вашата интима да биде тема на разговор од градинката, па низ целото ваше соседство.

5. Доцна го учат речникот на убаво однесување

Никогаш не е прерано да го научите детето како да биде љубезно и пристојно. Тоа навистина мора да знае основни зборови за убаво однесување како: извини , благодарам, те молам и сл. Мозокот на детето е како сунѓерче и тоа впива се. Колку порано го научите на бонтон правилата, толку повеќе тоа ќе ги присвои.