Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. На патниот правец Кичево – Охрид кај с. Врбјани денеска, 29.05.2020 порaди работи на пат (минирање) во период од 12 до 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на Главниот координативен штаб.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Виадукт трејд ДООЕЛ-Гостивар известува дека на ден 28.05.2020 започна со изведување на градежни активности при поставување хоризонтална сообраќајна сигнализација на автопат А1, делница Велес-Петровец, тунел Стража во период од 09:00 до 16:00 ч. за што се изврши промена на режимот на сообраќај, во времетраење од еден ден.

Виадукт трејд известува дека на ден 25.05.2020 започна со изведување на градежни активности при реконструкција на дел од Државен пат А2 – потег од БС Виена Петрол/Куманово до с. Страцин, во должина од 16 км, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, во времетраење од шест до девет месеци.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид км.5+861 до км.9+835 ќе има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци. Измената започнува на 20.03.2020 год. и ќе трае до завршување на работите поради кои е утврдена потребата од измената.

Сообраќајот на патниот правец Р1107 Ново Лагово – Витолишта од 26.02.2020 г. се одвива наизменично, по една коловозна лента поради изведување на градежни работи на пат (гребење на асфалт), во времетраење од 60 дена. На самото место на изведување на градежните работи поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Дoo “Стентон Градба” – Битола известува дека поради изведување на градежни работи, поточно санација на свлечиште (одрон) на регионалниот пат Р1102, делница Велес – Градско (транзитен дел низ Велес), од 24.02.2020 г. ќе има времено изменет режим на сообраќај сè додека траат градежните работи.

Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Г.П. Илинден – Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Информации за движење низ ЈАСЕН

Патниот правец кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод:

Скопје кон Македонски Брод 07:30 – 08:30 часот и 16:30 – 18:00 часот

Македонски Брод кон Скопје 06:00 – 07:00 часот и 18:30 – 20:00 часот