Минатата недела на Клиника за детски болести беше донесено десетмесечно бебе во многу тешка и комплицирана здравствена состојба. Бебето имало висока температура, грчеви и нарушена свест, а на клиниката било примено заедно со неговата баба која го чувала бидејќи неговите родители живееле во Швајцарија.

На Клиниката за детски болести се водела битка додека го спасувале животот на бебето, но се покажало дека тоа има тумор во мозокот. Во меѓувреме заедно со баба му која го донела на клиниката, се потврдило дека и двајцата биле позитивни на коронавирусот. Доктор Аспазија Софијанова која го лекуваше, организира бебето безбедно да биде однесено во Швајцарија. Оттука започнала вистинска борба бебето да се одржи во живот и да биде безбедно префрлено во Швајцарија, во Клиничкиот центар во Цирих.

-Ова е прв случај на дете со толку сериозни компликации од Ковид-19 каде најверојатно коронавирусот предизвикал неутропност на мозокот, односно туморозна формација“, изјави д-р Аспазија Софијанова, која во понеделникот утрината иницирала снимање на КТМ каде се покажала туморозна формација, а откако стигнал и резултатот од тестот за Ковид-19, кој бил позитивен, веднаш ги известила родителите на бебето во Швајцарија.

Швајцарските здравствени власти потврдија прва смрт на дете од ковид-19. Бебето кое починало од можни компликации од инфекција на коронавирус е и прв случај од ваков вид во Швајцарија, а е всушност десетмесечното бебе кое од Клиниката за детски болести во понеделникот ноќта, со специјален авион беше однесено во Швајцарија.