Николоски: Ако работниот ден на Филипче почнува и завршува со посета на ПР куќи и сликања, бројот на новозаболени нема да се намали

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во своето гостување на една од нашите ТВ куѓи истакна дека ако министерот за здравство, Венко Филипче, продолжи да посетува ПР куќи во Скопје наместо…

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во своето гостување на една од нашите ТВ куѓи истакна дека ако министерот за здравство, Венко Филипче, продолжи да посетува ПР куќи во Скопје наместо да го работи она за кое е избран, бројот на новозаразени нема да се намали. Тој посочи и дека се додека активистите и високите функционери на СДСМ, кои воедно и ја водат државата, се насочено кон пакување и делење на пакети со единствена цел за поткуп на најранливите категории, не може да учекуваме намалување на бројот на нови заразени лица од корона вирусот во Македонија.

– Ако продолжи овој ПР, несериозен пристап ќе имаме уште поголеми бројки. Ако работниот ден на Венко Филипче започнува со посета, двочасовна, на една позната ПР куќа во Скопје, а после тоа кратко состанок со комисијата на која што се штимаат прес конференциите како што им одговара, па одиш на прес конференција, па одиш на уште пет сликања и му завршува работниот ден, апсолутно не може да имаме бројки различни од овие. Ако активностите на врвните луѓе на СДСМ се насочени кон тоа, како повеќе пакети да спакуваат и да ги поделат за поткуп на ранливите групи во ова држава, кои што за жал ги злоупотребуваат, тогаш нема да имаме бројки различни од овие, рече Николоски.

Николоски смета дека ако има посветеност и работа и јасно лоцирање на проблеми, тогаш повеќе од сигурно е дека ќе има резултати во справувањето со здравствената но и економската криза која ја зафати државата. Тој истакна дека, тоа што Владата не успеа да се избори со вирусот во држава како Македонија, која има околу два милиони жители и релативно мала територија, покажува само какво фијаско им се случило.

Единствена гаранција во борбата против вирусот, вели Николоски, е серозно да се работи и ако се искористи следниот период паметно, во тој случај, возможно е Македонија да очекува да се спуштат бројките. Но, ако продолжи политиканството и ПР-от, во тој случај нема да се намалат бројките, за жал, само ќе се зголемуваат. Секој да си ја работи работата за која што е избран. Помалку посета на ПР куќи и трошење пари и време таму, а повеќе работа ќе дадат ефекти, додаде тој.


Related Articles