Ден Дончев директорот на ФЗОМ, како и целиот тим за односи со јавност од оваа институција беа глуви на поканата и барањето за интервју од нашата редакција, здравство.мк. Кога им упативме барање претходно ни посочија дека тоа треба да биде преку мејл и треба да се запази процедурата, екипата го запази нивното барање овој пат, но не наидовме на слух од нивна страна, никој не се дрзна ниту да врати писмено дека нема можност за комуникација.

Директорот Ден Дончев, доцни со обезбедување на инсулинска терапија секој месец, колку дијабетичари започнуваат интезивно да веруваат во господ и да се молат да ги преживеат деновите додека да пристигне терапијата, дали сега можноста на овие граѓани не е зголемена за некој од нив да не успее да го преживее месецот чекајќи соодветна терапија. Но тоа не го загрижува директорот на ФЗОМ, тоа не е во неговото поле на интерес според неговото однесување и реакцијата од неговата институција.

Анкетата на граѓани со кои се сретнавме ги посочува проблемите и ни го кажува и посочува нивното незадоволство, погледнете ја анкетата и уверете се во незадоволството на македонскиот пациент!

Граѓаните цело време се во трк со аптеките и деновите во кои тие можат да набават лекови на рецепта, периодот на набавка на хроничните терапии не се зголемил ниту за саат, директорот Дончев, ја префрла вината на измислена приказна дека има доктори кои ги манипулираат рецептите и едноставно не се грижи ни за својата институција да функционира правилно, ниту пак да граѓаните имаат лекови!

Сеуште нема одговор на тоа како Катлановска Бања успеала без лиценца за работа да функционира, да потпише договор со ФЗОМ и оваа институција да праќа пензионери да одат на бања токму во овој објект. За ваквите и слични нефункционирања на ФЗОМ, а со тоа и нанесување штета на граѓаните, оваа институција која е државна наместо да се грижи и да работи за интересот на граѓаните тие се грижат само за сопствените потреби и личниот интерес. Граѓаните и понатаму сите свои лекови ќе си ги добавуваат преку приватната квота или народски кажано со пари.

Лекови нема, да не се секирате!!!