При стоматолошките прегледи најден е кариес кај 10.377 ученици или 17,1% од прегледаните што е за 15,5% повеќе во споредба со претходната година. Ортодонтски аномалии се најдени кај 3.416 ученици или 5,6% од прегледаните, што е за 1,8% помалку во споредба со претходната година.
Средношколците се подобри во негата на забите за разлика од основците. При извршените стоматолошки прегледи кариес е најден кај 3.018 ученици од средно, или 13,3% од прегледаните (5528 или 21,7% е најдениот кариес кај учениците од претходната година). Ортодонтските аномалии се регистрирани кај 1.122 ученици или 4,9% (1703 или 6,7% се регистрирани во минатата година).
Ова се податоци од извршените систематски прегледи на ученици во основните  и средните училишта во државата. Препораките на стоматолозите се дека состојбата мора да се промени и децата повеќе на внимаваат на своите знаби, бидејќи многу болести во организмот се поврзани со нездрави заби.