Американските диетолози препорачуваат еден трик, за кој веќе докажале дека помага доста за слабеењето. Не станува збор за скапи препарати, додатоци или броење на калории, туку за вода.

Експертите од Универзитетот Вирџинија докажале дека пиењето на две чаши вода пред јадење влијае позитивно врз намалување на тежината. Резултатите покажале дека за 3 месеци оние што се придржувале на ова правило намалиле во просек по 7 килограми.

Истите појаснуваат дека водата создава чуство дека сме сити во стомакот и тоа ги тера луѓето да примаат околу 90 калории помалку.