Во самоизолација и портпаролката на СДСМ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска оди во самоизолација по средбата која ја имала со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, а која вчера информираше дека е позитивна на коронавирус. -По насоки…

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска оди во самоизолација по средбата која ја имала со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, а која вчера информираше дека е позитивна на коронавирус.

-По насоки и препорака на епидемиолозите, во наредниот период ќе бидам во самоизолација, поради кратка средба што ја имав со мојата пријателка Сања Лукаревска. Немам никакви симптоми, се чувствувам одлично, а ќе се тестирам во текот на утрешниот ден. На мојата драга пријателка Сања, на другарот Мухамед Зекири и неговото семејство и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација, им посакувам брзо оздравување и добро здравје – напиша на Фејсбук Кузеска.


Related Articles