Министерството за внатрешни работи во континуитет презема мерки за контрола на почитување на одлуките на владата поврзани со справување со пандемијата од Ковид 19.

-Од страна на полициските службеници до сега констатирани се вкупно 6404 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 641 прекршоци во изминатото деноноќие, пишува на Фејсбук министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 776 контроли во објекти при што евидентирани се 7 објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 435 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лица кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин спроведени се 123 лица.