Глобалниот самит за вакцини почнува денеска, а Европска комисија најави дека ќе издвои 300 милиони евра за имунизација во најранливите земји во светот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Самитот е во организација на Алијансата за вакцини (ГАВИ) непрофитно јавно-приватно партнерство со седиште во Женева.

Претседателката Урсула фон дер Лајен ќе учествува на Самит во име на Европската Комисија.

– Вакцините спасуваат животи само ако сите на кои им е потребна имаат пристап до нив, посебно во најранливите заедници и региони во светот. Затоа, работата на Алијансата за вакцини е толку важна. На земјите во развој им дава средства за изградат силни здравствени системи и програми за имунизација, за светот да биде побезбедно место. Среќна сум што Европската Комисија може да ја поддржи ГАВИ во оваа клучна работа, тоа ќе ни помогне да ја надминеме оваа пандемија и да избегнеме друга, изјави фон дер Лајен пред стартот на Самитот.

Средствата што ги издвојува Европската Комисија треба да помогнат да се вакцинираат 300 милиони деца во светот, но и да се зајакнат здравствените системи во земјите во развој. Парите се наменети и за борбата против полиомиелитис (детска парализа)