Неспособноста на Владата ја покажуваат 386-те новозаразени во последните четири дена. Низ цел Балкан коронавирусот стивнува. Во најголем дел од земјите речиси и да нема новозаразени, но во Македонија вирусот зема замав со 120-те нови случаи вчера, само заради некадарноста на власта. Стотиците лаги кажани од Венко, Заев и Спасовски излегоа на површина, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат дали треба да прифатиме дека само кај нас е нормално да има 386 новозаболени и 14 починати за само четири дена?

-Македонија како никогаш до сега бележи огромни порази во секоја област од општественото живеење. Бројките за состојбата на новозаболени и починати во Македонија, се три пати поголеми од вкупниот број на заболени во регионот. Вкупно 843-те активни случаи и 147-те починати, говорат за една неспособна Влада која е способна само за лагите кои што ги шири и префрлањето на вината на некој друг. Обидите за манипулирање на јавноста со лажирање на бројките, воведување на полициски час преку ноќ, како и ширењето на вирусот со предизборни активности говорат дека СДСМ е најнепринципиелната партија која не само што го доведе во прашање животот и здравјето на граѓаните, сеуште упорно се обидува да ја замајува јавноста со непромислени изјави. Јасно е како ден, дека заради непромисленоста и неспособноста на СДСМ, на чело со Заев има хаос во државата и состојбата во здравството ескалираше до невидени рамки. Нестручното и непрофесионално однесување на Комисијата за заразни болести само го зголемува нетрпението на граѓаните. Постапувањето на Комисијата и нејзината крајна неодговорност во ситуација каде имаме 386 новозаболени за само 4 дена е доказ дека партиските кадри работат под диктат на Филипче и Заев, се наведува во соопштението.

Вчера Македонија има број на новозаразени од коронавирус колку што имаат вкупно сите земји од Балканот. Стапката на новозаболени на милион жители е над десет пати поголема во споредба со регионот. Македонија со СДСМ може да бележи само падови и невиден хаос на штета на животот на граѓаните.

Бројките се поразителни и ја пресликуваат ненормалноста во која не доведе Заев. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.