Николов: 80 000 лица го напуштија Скопје, карантин или евакуација? Власта е дезориентирана!

Олабавувањето на мерките направено под влијание на политика, а со цел да се делат пакети под превезот дека тоа е за социјално загрозени луѓе резултира со голем број на новозаразени….

Олабавувањето на мерките направено под влијание на политика, а со цел да се делат пакети под превезот дека тоа е за социјално загрозени луѓе резултира со голем број на новозаразени. Со тоа добивме и една политичка партија која е кластер на ширење на болеста, рече Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешното гостување во една од нашите тв куќи.

Николов се осврна и на мерката за затворање на неколку градови меѓу кои и главниот град Скопје.

– Повторно се воведе драконска мерка за затворање на Скопје. Ова е очигледно само да се остави впечаток дека нешто се работи. Што е ова карантинско затворање на Скопје или евакуација? Скопје го напуштија околу 20 илјади автомобили. Доколку епидемиолозите пресметаат претпоставувам по четири лица во автомобил значи Скопје го напуштиле околу 80 илјади лица и ако има тестирање меѓу нив би имале позитивни меѓу 4 и 8 илјади без симптоми кои се шетаат и го расејуваат вирусот. Би биле толку зошто во просек од тестираните имаме од 5 до 10 проценти новоинфицирани, рече Николов.

Според него карантинот за продолжениот викенд покажува дека власта е дезориентирана.

-И повторно се направи грешка, мислам дека се замеша власта и политиката во работата на струката. На пример Сопиште кое е на 2 километри од Скопје нема карантин, кажа Николов.


Related Articles