Од 12 новозаболени во Куманово, 11 се од липковско Матејче и тоа од една фамилија

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа регистрира 12 новозаразени со Ковид-19, од кои 11 се од липковското село Матејче, а еден е од Куманово, информираше денеска директорот…

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа регистрира 12 новозаразени со Ковид-19, од кои 11 се од липковското село Матејче, а еден е од Куманово, информираше денеска директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, Ариф Љатифи.

Тој посочи дека еден пациент од Куманово на 74-годишна возраст починал на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје.

Новозаболените од Матејче се од познат кластер, пошироко семејство, појасни доктор Љатифи и додаде дека меѓу нив има и четири деца на возраст од 10, 12, 15 и 17 години, сите асимптоматски.

-Денеска е извршено тестирање на 20 лица од општина Липково и на 30 лица од општина Куманово. Тестовите се направени по „Мој термин“, согласно епидемиолошки индикации и контролни тестови, додаде Љатифи.


Related Articles