Повторно рекордни бројки на заразени со коронавирус. Изминатото деноноќие регистрирани се 175 нови случаи, пет лица починаа, а 18 оздравеле. Новоинфицираните се откриени од 971 тест, односно 18 проценти од тестираните го имале вирусот.

Најмногу новозаболени има во Скопје 131 и Куманово 24.

Кога ќе се направи споредба со официјалната статистика објавена вчера, и кога ќе се додадат новите податоци од денеска на секоја општина излегува дека во главниот град нема 131 туку 70 нови случаи или пак службите направиле ненемерна грешка. Според последните податоци најмногу новооткриени има во Чаир 14, Гази Баба и Ѓорче по 9.

Од последните високи бројки е вознемирен и вицепремиерот Османи. Сепак тој не се согласува со забелешката на Караџовски дека скратениот полициски час од страна на Главниот кризен штаб со кој претседава тој е причина за зголемениот број случаи периодов.

-Пред 20 дена ние дадовме одредени препораки, два дена одошто предлогот да се преиначи.Од разлози кои ги знае главниот кризен штаб, изјави на 08.06.2020 година д-р Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести.

-Лично не се согласувам дека 2-3 саати кои беа ослободени за време на празникот се причина бидејки се тоа субјективни ставови без научна анализа, Сепак мислам дека се должи на непочитување на мерките од страна на граѓаните, изјави Бујар Османи, вицепремиер.

Во моментот во Македонија има 1687 активни случаи со што прв пат после 42 дена ја надмина бројката на досега оздравени.

Најмногу инфицирани во моментов 960 има во Скопје, следуваат Куманово со 179 и Штип со 187.

Изминатото деноноќие на Инфективна и во ГОБ 8 септември примени се 33 нови пациенти со Ковид-19. На болничко лекување има 221 лица заразени со вирусот, а десет се во критична состојба и на апарати за дишење.