Капацитетот на Клиничката болница во Битола која беше една од неколкуте Ковид центри за хоспитализирање на пациенти заболени со коронавирус е целосно исполнет.

23 пациенти во моментов се сместени во одделот специјализиран за Ковид-19 со што идните случаи ќе се хоспитализираат во болницата во Охрид.

Ова на прес конференција го потврди и Министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во Битола е исполнет капацитетот на одделението за КОВИД-19 зашто е регионален центар, сите пациенти од тој регион доаѓаат во Болницата. Сега од целиот регион пациентите ќе се сметуваат во Охридската болница. Направена е целосна координација и спремно беше Инфективното одделение. Има добар план и добро се спроведува и не оставаме приод кој може да биде критичен, па да не знаат пациентите дали ќе се упатат на едно или на друго место“, рече Венко Филипче – министер за здравство.

Во последните 24 часа нема ниту излекуван пациент од Битола, ниту пак новозаразени лица со коронавирус.