Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на својата официјална фејсбук страна прашува:Дали во Дебар некои од членовите на Кризниот штаб се позитивни на Ковид-19? Во градот има паника поради стравот дека е можно да има повеќе заболени лекари специјалисти, велат од Комисијата.

– Дали во Дебар некои од членовите на Кризниот штаб се позитивни на КОВИД-19? Некои лица имале лесна клиничка слика, но некои членови на Кризниот штаб кои биле во контакт со носители на КОВИД-19, меѓу кои и директорот на Болницата во Дебар и градоначалникот не се ставени во самоизолација.

-Дополнително во градот има паника поради стравот дека можно е да има повеќе заболени лекари интернисти. Дали станува збор за криење на вистината или вистинските бројки? Зошто се прави ова? Нели заштита на населението е приоритет? Нека се изјасни Филипче, а и Заев. Подготвени ли се да ги жртвуваат граѓаните и да се оди на избори?