Повеќе од јасно е дека времето на оваа власт веќе полека истекува, а тоа го потврдуваат и граѓаните преку анкетите направени изминатиов период во нашата змеја.

Според најновата анкета спроведена од Институтот  „Habeas Corpus” дури 22, 5 проценти од граѓаните одговориле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат парламентарни избори.

Коалицијата СДСМ/БЕСА има помала доверба кај граѓаните и според анкетата би го добила гласот од 20 проценти од нив.

Во албанскиот блок за ДУИ би гласале 6,1 процент, додека за Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива гласот би го дале 4,5 % од анкетираните.

Под еден процент поддршка имаат Левица и ДПА, додека одговор немале 15,3 проценти од анкетираните. Тринаесет отсто одговориле дека нема да гласаат за ниту една од наведените партии, додека на ова прашање не сакале да одговорат 18 проценти од анкетираните.

Анкетата, информираат од Институтот, е направена врз стратификуван примерок од 1.159 испитаници во периодот од 08 јуни до 11 јуни 2020 година. При истражувањето се водела сметка на етнграфската карта, демографската застапеност, полот и возраста на испитаниците. Воедно се водеше сметка и при влезот на анкетниот прашалник и резултатите од последните парламентарни избори.

Анкетата се спроведе телефонски, со употреба на фиксната и мобилна телефонија.

Граѓаните сметаат и дека македонската Влада не се справи добро со корона кризата.

На прашањето: „Дали Владата според вас добро се справува со корона кризата“, најголем дел од граѓаните или точно 58.3% одговориле со НЕ.

Потврден одговор дале 32,7 % од испитаните граѓани, а 9% немале одговор.

Во мај годинава и анкетата на порталот МКД.мк покажува водство на ВМРО-ДПМНЕ над СДСМ.

Тие минатиот месец во анкетата неведуваат дека меѓу определените гласачи повеќебројни се оние што ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ (14,6%). За СДСМ ќе гласаат 13% од определените гласачи.

Меѓу македонското гласачко тело за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21,5 отсто, а за СДСМ 14,2 отсто од определените гласачи.

Кај гласачите на СДСМ бројот на Албанците поддржувачи на оваа партија е 6,6%. Од албанските партии на најголема поддршка може да смета ДУИ, со повеќе гласачи отколку сите други албански партии заедно.

Овие бројки според експертите се над 75 илјади гласови разлика со што победата на ВМРО-ДПМНЕ би била цврста како бетон.

Според јавноста оваа „казна“ што ја добива Заев на анкетите е поради безброј ветувањата и потценувањето на сопствениот народ преку продажбата на името, идентитетот, националните херои, воведувањето на двојазичноста, лажното ветување за 500 евра просечна плата, како и ужасното справување со коронавирусот.