Државата ги става во функција и приватните болници за лекување на ковид пациенти. Оваа одлука ја донесе и во неа пишува дека оние кои се на лекување од други болести на приватно, а ке излезат позитивни ке продолжат да се лекуваат на приватните клиники. Телма ги контактираше двете најголеми болници Систина И клиниката Жан Митрев, од каде велат дека се спремаат првите пациенти болни од корона вирусот. Убедуваат дека имаат капацитети и во легла и во кадар.

  • Известени сме за одлуката која е донесена од Влада и чекаме да стапи на сила. Болницата веќе подготвува изолиран дел кој е целосно засебен каде ќе ги сместиме заболените со Ковид 19. Се прават интензивни припреми и протоколи за безбедност, опремени со современа опрема и целокупен медицински персонал кој ќе биде во служба на овие пациенти., соопштуваат од Аџибадем Систина.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во моментов се хоспитализирани 330 пациенти, но дека лекарите се преморени, па се прави реорганизација.

Инаку од болницата 8 ми септември велат дека легла имаат, но кадарот е преуморен и болен. Во моментов кај нив се лекуваат 110 мина со средна и тешка клиничка слика. Нови осум одделенија се отворени, но голем дел од персоналот е заразен. На помош се пристигнати 16 мед сестри од внатрешноста и петмина интернисти.

  • Проблем е медицинскиот персонал што веке три месеци е во борба со Ковид 19 визити траат 5 саати не е едноставно. Болницата има капацитет ќе отвориме оддели тоа се 50 кревети но проблем е медициснкиот персонал,  се надеваме дека ќе ни стигне на помош. 

Од „8- ми спетември“ вчера се префрлени 10 мина пациенти на инфективната клиника. Директорката вели дека во моментов помал е интензитетот на луѓе кои се пуштаат дома отколку на оние кои се примаат.

Инаку речиси сите капацитети и на болниците во внатрешноста се исполнети. Најновите најави се дека освен болницата во Кавадарци можно е сите останати од внатрешноста да лекуваат и ковид позитивни пациенти.