Додека чекавме да бидеме спроведени во ковид монтажната болница , просведочивме загрижени луѓе кои на клупата пред примената амбуланта чекаа резултат, да бидат прегледани да чујат добра вест за своите блсики. Девојка која само од врата подаде ќеса за својот роднина кој поради кораната , не сме да влезе во болницата, и да го посети. Тргнавме низ такнаречениот чист дел во кој не се пруимаат ковид позитивни пациенти. Во една од болничките простгории на маса стоеше заштитната опрема која мора да ја носиме за да може да влеземе во монтажанта болница меѓу болните. Скафандер, еден пар , втор пар ракавици, медицинска капа, маска визир – и тргнавме. Заедно со одделенска сестра поминавме низ „нечистиот“ или болничките ходници и соби каде што има заразени со ковид 19. На влезот кон амбулантата за прием на пациенти има тунел – кој се чини како километарски , кога на себе имаш заштитна опрема преку која отежнато дишеш.

Во амбулантата имаше девојка која примаше иунфузија – и за која лекарите и сестрите , откако детално ќе ја прегледат ќе кажат дали е ќе биде хоспитализирана тука или сепак за неа ќе се бара место во КОВИД центарот.

Инаку во монтажната болница има 70 легла ,распоредени во десетина соби.

Сега се лекуваат 3ца пациенти меѓу кој и еден млад човек кој ни кажа дека се чувствува добро. Тука на помош е дојден и медицински персонал од кардиологија , а директорката на инфективна др. Милена Стевановиќ вели дека поради напливот на пациенти освен нивниот персонал работи и тим од доктори и сестри од други скопски болници и градови од внатрешноста.

По нашата обиколка во монтажните болнички соби , ја симнавме заштитната опрема направивме целосна дезинфекција и излеговме од болница. Надвор , нов итен случај донесен со Брза помош , тимот од инфективна го спремаше да го хоспитализира. На влезот пак , бевме сведоци на неколку возила на погребална и згаснати човевечки животи од вирусот.