Во Скопје во седум општини има по над 100 заболени со ковид-19, а од нив се издвојува Чаир со над 300 или вкупно 336 заболени.

Според последните податоци од Министерството за здравство, по Чаир следна скопска општина по бројност на заболени е Гази Баба со 128, па Аеродром со 125, Центар со 121, Бутел со 118, Сарај со 105 и Карпош со 103 заболени од ковид-19.

Во денешната статистика регистрирани се вкупно 182 случаи, од кои 107 се во Скопје. Вкупниот број заболени во градот достигна 2 243, а активни се 1 507 случаи.

Целосната листа во скопски општини е следна:

• Чаир – 336
• Аеродром – 125
• Бутел – 118
• Гази Баба – 128
• Центар – 121
• Карпош – 103
• Сарај – 105
• Кисела Вода – 80
• Ѓорче Петров – 62
• Студеничани – 71
• Шуто Оризари – 51
• Арачиново – 38
• Илинден – 24
• Петровец – 12
• Чучер Сандево – 8
• Сопиште – 12
• Зелениково- 1
• Странец – 3
• Нераспределен – 4