Има јасно дефинирани медицински и епидемиолошки термини дали и кога излегувате од прв бран, а тука тоа не го видовме. Пред да почне политиката да се меша во здравството, министерот за здравство, Филипче рече дека не може да се збори за избори во ваква ситуација, а потоа речиси преку ноќ да го смени ставот, рече доктор Синиша Стојаноски, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во една од нашите тв куќи.

Доктор Стојаноски се осврна зошто Македонија е лошо рангирана на светските листи за справување со корона висрусот.

-Не можеме ние да велиме дека се е под контрола кога добиваме карта на земји од Европа каде само ние сме обележани со црвено. Ние во моментов сме Вухан на Балканот. Ние сега се соочуваме со карантин од соседните земји, не може да одите во земји од регионот, а да не поминете карантин. Колку и да се трудиме преку гол пи-ар да велиме дека ова е нова реалност, сите сме свесни дека се соочуваме со криза која не успаевме да ја изменаџираме, рече Стојаноски.

Според него требаше на местото каде има паркинг во кампусот клиники Мајка Тереза да има нова зграда на клинички и истиот ќе помогнеше во справување со корона кризата. Проблемите, укажа тој, се поради тоа што нема национална здравствена стартегија и не е планиран рамномерен регионален развој на здравствените институции низ Македонија.

-Она што е план на ВМРО-ДПМНЕ е поставување на јасни стандарди и поставување на една стабилна основа за задржување на кадарот и опременост на здравствените институции, рече Стојаноски.