Во последното деноноќие во Македонија се регистрирани 156 нови случаи на заболени со Ковид-19. Од нив само во Скопје се регистрирани 100-тина. Во однос на диструбуцијата по скопските општини, Чаир се наоѓа на прво место со најголем број на активни случаи. Еве како изгледа состојбата во главниот град заклучно со вчера:

– Чаир – 352, Гази Баба – 128, Аеродром – 127, Центар – 123, Бутел – 117, Карпош – 108, Сарај – 109, Кисела Вода – 82, Ѓорче Петров – 63, Студеничани – 75, Шуто Оризари – 54, Арачиново – 44, Илинден – 24, Петровец – 12, Чучер Сандево – 8 и Сопиште – 11.