Кога СДСМ зборува за наводна успешност во Здравството се чуствуваме должни да ги потсетиме на условите кога ВМРО ДПМНЕ го управуваше здравствениот систем. Пред да дојдат на власт, во ЈЗУ Општа болница Струмица работеа следните интернистички дијагностички кабинети:

Коронарна ангиографија со процесот на стентирање.

Врвни професори – едукатори доаѓаа од Ниш и Белград. Две години имаа постојано сместување во Струмица и работеа 24 часа. Додека не дојде другиот лекар, претходниот не ја напушташе својата позиција. Работеа во тим со наши лекари од Штип и Струмица.

Во постојана функција и со закажување преку Мој термин работеа следните кабинети: Кабинет за коронарен стрес тест. Ехо кардиографија. Ехо кабинет на абдомен. Ехо на тироидеа, Кабинет за гастроскопија и колоноскопија. Ангажирани беа еминентни стручни лица од Клинички Центар Мајка Тереза заедно со наш тим лекари. Работеше пулмолошка амбуланта со спирометрија. Се правеше редовен скрининг со Ехо дијагностика на дојка и мамографија, а пациентите резултатите ги добиваа на домашна адреса. А сега, повеќето од овие здравствени услуги граѓаните ги добиват повремено со доаѓање на стручни лица, но со долга листа на чекање.

Од 11 лекари интернисти заради лошото менаџирање и не наоѓање на ,,заеднички јазик” нашите искусни интернисти започнаа ангажмани во приватното здавство. Во струмичката болница сега има 5 лекари интернисти од кои четири дежурат. Непосредно пред да дојде СДСМ на власт беа примени на работа и испратени на специјализација 20 лекари.

СДСМ вети дека ќе го пуштат новиот крак на Општа Болница со инкорпориран неопходен ургентен центар за интернистички и хируршки болести. Од сето тоа што го очекувавме долго време добивме слики од импровизирано адаптирани неколку соби во огромниот објект. Додека од ветувањето за опрема – нема ниту О. Навистина ние како здравствени работници со наши лични напори се трудиме да ги дадеме сите услуги на пациентите. Но, секој здравствен работник знае и се сеќава и може да препознае како ВМРО- ДПМНЕ се грижеше за здравјето на сограѓаните.