Доктор Жаклина Шопова, член на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, денес одржа прес-конференција на која посочи дека министерот за здравство Венко Филипче, наместо да биде министер кој менаџира со системот за да се справи со корона кризата, тој се претвори во личност која брои и соопштува новозаболени и починати од Ковид-19. Неспособноста на Филипче и Заев се виде по сите основи, а со корона кризата го доживеа својот врв, рече Шопова:

– Филипче и Заев  го ставија на колена здравствениот систем. Ковид – 19 на површина ги извади сите проблеми во здравството. Несправувањето со последиците од корона вирусот ја направи Македонија црна точка во регионот и пошироко. Неспособноста на Филипче и Заев се виде по сите основи, а со корона кризата го доживеа својот врв. Таа дојде до израз како никогаш досега.

– Неспособноста доведе до тоа здравството да е нефункционално. Граѓаните ја немаат соодветната услуга, медицинските работници се оставени на цедило. Филипче наместо министер кој менаџира со системот за да се справи со корона кризата, се претвори во личност која брои и соопштува и  новозаболени и починати од короната. Менаџирање со здравствениот персонал се виде дека за  него е непознат параметар. Токму менаџирањето со овој персонал е клучно за соодветен одговор за решенија на последиците од короната. Тоа изостана и затоа сме тука каде што сме.

– Наскоро ќе се стави крај на неспособноста. Наскоро следи воспоставување на функционален здравствен систем. Изборот е јасен – обнова и квалитетно здравство или измами од Филипче и Заев. Граѓаните ќе одберат обнова на Македонија.