Седум скопски општини имаат троцифрен број на заболени од коронавирус. Според податоците од Министерството за здравство, најмногу активни случаи на Ковид-19 има во Чаир – 363.

Податоците се заклучно со вчера, а од Министерството посочуваат дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.