Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19: Скопје 57, Куманово 13, Дебар 1, Штип 3, Тетово 19, Струга 1, Велес 1, Битола 2, Охрид 1, Гостивар 1 и Ресен.

Починати се 5 лица, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти: Скопје-11, Тетово-10 и Велес-1.

Досега во земјата се направени вкупно 51 160 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5106, бројката на оздравени пациенти е 1926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2942.