Гоце Чакаровски ќе биде идниот советник за здравство на премиерот Зоран Заев. Откако Владата до Собранието го достави предлогот за реконструкција на кабинетот со нови министри и заменици, во досегашното столче на Чакаровски како заменик министер ќе седне кадар од ДУИ. Гинекологот од Битола се сели во зградата на “Илинденска.”Информацијата ја потврди лично Чакаровски кој денеска присуствуваше на отворањето на Центарот за трауматизам во ГОБ 8-ми септември.

Како заменик министер, Чакаровски имаше неколку лапсузи во неговите јавни настапи, а последниот беше за вакцините, кога изјави дека тие не биде задолжителна обрска туку слободен избор на родителите дали ќе ги носат децата на вакцина.