Пандемијата наречена Ковид-19 се уште е во полн ек, последиците ќе се чувствуваат со децении, рече генералниот директор на СЗО.

– Ние знаеме дека пандемијата е многу повеќе од здравствен проблем, тоа е и економска криза, социјална криза, а во многу земји и политичка криза. Нејзините последици ќе се чувствуваат и во следните децении, посочи Тедрос Аданом Гебрјесус.

СЗО објави рекордно зголемување на бројот на заболени случаи од коронавирусот кој изнесува 183 020 случаи за 24 часа.  Најголемо зголемување на бројот на заболени е забележано кај Американците, кои имаат пријавено повеќе од 116 000 нови заболени.

Бразил и официјално ја надмина границата од 50 000 починати, поточно 50 617 лица. Според министерството за здравство во Бразил дијагностицирани се 1 085 039 случаи на коронавирус.

На светско ниво, најмалку 9 000 000 луѓе се инфицирани со новиот корона-вирус. Најмалку 4.6 милиони се оздравени, додека пак повеќе од 475 000 починаа.