Чаир се уште е на врвот по број на активни случаи од Ковид-19

Денеска министерството за здравство информираше дека во Македонија се регистрирани нови 118 случаи на заболени од Ковид-19, а четворица починаа. Со ова вкупниот број на дијагностицирани пациенти во државава се…

Денеска министерството за здравство информираше дека во Македонија се регистрирани нови 118 случаи на заболени од Ковид-19, а четворица починаа. Со ова вкупниот број на дијагностицирани пациенти во државава се искачи на 5311.

Во Скопје досега се заразени 2588 граѓани, а бројот на активни случаи изнесува 1734 лица.

Прераспределбата на активни случаи по општини во Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје), изгледа вака:

Чаир – 402, Аеродром – 136, Бутел – 138,  Гази Баба – 150, Центар – 131, Карпош – 116, Сарај – 137, Кисела Вода – 98.

Ѓорче Петров – 80, Студеничани – 86, Шуто Оризари – 73, Арачиново – 49, Илинден – 31, Петровец – 16.

Чучер Сандево – 15, Сопиште – 12, Зелениково-2, Странец – 4, Нераспределен-4.


Related Articles