Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 80, Куманово 6, Штип 1, Прилеп 3, Тетово 24, Струга 1, Велес 3, Охрид 5, Гостивар 4, Струмица 1, Крива Паланка 1, Кочани 1, Кичево 1, Ресен 4 и Неготино 1.

Починати се 8 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево. Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 57 годишен пациент од Велес. Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје пациент (56г) примен на 11 јуни и пациентка (68г) примена на 13 јуни. Починаа две лица од Куманово, пациентка (47г) примена на 12 јуни и пациентка (59г) примена на 14 јуни. Починаа две лица од Тетово, пациент (78г) примен вчера и пациентка од (47г), хоспитализирана на 22 јуни. Во ОБ Битола почина пациент од Кичево (61г) хоспитализиран на 21 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти во: Скопје 26, Штип 1, Прилеп 1, Тетово 6, Велес 4, Гостивар 2, Кочани 1, Пробиштип 1 и Кратово 1.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 36 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле 1 дете и 11 возрасни позитивни на ковид-19. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 17 нови, 4 пациенти се трансферирани во болницата во Козле. До утрово вкупно хоспитализирани се 124 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5445, бројката на оздравени пациенти е 2091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3095.