Швајцарската влада објави дека од утре ќе ги сноси трошоците за тестирање на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.

Со цел да се спречи ширењето на вирусот по ублажување на мерките, ќе започне и користењето на апликацијата за следење на заразените.

Владата на Швајцарија соопшти дека ќе го поедностави системот за тестирање и од утре ќе ги сноси сите трошоци за тестирање на коронавирусот.

Во Швајцарија, бројот на заразени со коронавирус изнесува 31 376 во последните 24 часа, а 1 958 лица починале од последиците на КОВИД-19 од почетокот на епидемијата.