Иранскиот заменик министер за здравство покрена кампања за носење маски во Иран

Иранскиот заменик министер за здравство, Ирај Харирчи, покрена кампања за носење маски бидејќи Иран е една од најтешко погодените земји од почетокот на пандемијата. Харирчи ги замоли своите граѓани, особено…

Иранскиот заменик министер за здравство, Ирај Харирчи, покрена кампања за носење маски бидејќи Иран е една од најтешко погодените земји од почетокот на пандемијата. Харирчи ги замоли своите граѓани, особено младите иранци сериозно да ја сфатат болеста, особено поради фактот дека бројот на случаи во земјата повторно се зголемува. Бројот на починати надминува и до 100 лица дневно во последниве девет дена.

„Кај нас на секој 33 секунди се заразува по едно лице со коронавирус, а на секој 13 минути умира по еден заразен“, рекол тој. „Очајнички и на пријателски начин ги молам луѓето да соработуваат и да ги почитуваат медицинските протоколи заради себе и другите“, рекол Харирчи.

Харирчи на телевизија посочил дека носењето на маски го намалува ризикот од ширење на вирусот за 85%. Во изминатите 24 часа во таа земја се забележани 2 456 нови случаи на Ковид-19, па вкупниот број сега е 220 180. Починале уште 125 лица, а вкупниот број на починати достигна 10 364.


Related Articles