Црешите смируваат болка многу поефикасно од аспирин

Црешите се познати како овошје кое има многу лековити својства. Тие се многу богати со антиоксиданси, а истражувањето покажало дека поволно влијаат на превенција од срцеви болести, здравјето на коските…

Црешите се познати како овошје кое има многу лековити својства. Тие се многу богати со антиоксиданси, а истражувањето покажало дека поволно влијаат на превенција од срцеви болести, здравјето на коските и смируваат болка. Покрај антиоксидансите, за тоа се заслужни и флавоноидите кои ги содржат исто така во висок процент.

Се верува дека поради големата количина на антоцијанин, ова овошје може да ја смири болката и дека грст од овие плодови има подобар ефект од еден аспирин. Доколку земете и само 20 цреши ќе почувствувате подобар ефект од еден аспирин.

Поради големата количина бор, магнезиум и калциум црешите се добри чувари на нашите коски. Комбинацијата од антиејџинг оксиданти, растителни влакна, витамини и минерали ја прочистуваат крвта и го подигнува нивото на енергија.

Дршките на црешите исто така имаат лековити својства, па ако сварите чај од нив ќе добиете лек кој ги смирува болките во бубрезите предизвикани од камчиња или ситен песок.


Related Articles