За една седмица, Центарот за јавно здравје Охрид регистираше присуство на коронавирус кај 119 лица. Тука спаѓаат општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа. Во периодот од 4 до 10 јули забележано е присуство на Ковид-19 кај 29 лица од Охрид, 55 лица од Струга и 35 лица од Дебар.

Од почетокот на епидемијата па се до сега, коронавирусот бил дијагностициран кај вкупно 656 лица во овие општини и тоа: Охрид и Дебрца 219 лица, Струга и Вевчани 300 лица и Дебар и Центар Жупа 137 лица.

Бројот на активни случаи во Охрид изнесува 133 лица, во Струга 147, а во Дебар 76 лица. Во текот на минатата седмица регистрирани се 10 починати пациенти од кои по еден во Охрид и Дебар и осум во Струга.

На домашно лекување се наоѓаат 48 лица од Охрид, 46 лица од Струга и 20 лица во Дебар.