Денеска не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. УВ индексот ќе достигне 9 што значи дека треба да бидеме внимателни кога ќе се изложуваме подолго на сонце.

Во Скопје температурата ќе достигне 31 целзјусов степен, а најтопло ќе биде во Гевгелија каде се очекуваат 33 степени целзјусови.

Во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура се очекува да биде во значителен пораст.