Хрватска бележи 77 нови слуачи на заболени за 24 часа, а петмина се починати

Во изминатите 24 часа, во Хрватска се регистрирани 77 нови случаи на заболени со коронавирус. Бројот на активни случаи е 881, а пет пациенти починале, објави Националниот штаб за цивилна…

Во изминатите 24 часа, во Хрватска се регистрирани 77 нови случаи на заболени со коронавирус. Бројот на активни случаи е 881, а пет пациенти починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Од заболените, 134 се во болница, од кои девет се на респиратор.

Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 4 792 лица. Од нив 133 починале, а 3 788 оздравеле. Во моментов 3 350 лица се во самоизолација.

До денес, тестирани се вкупно 110 514 лица, од кои 1 156 се тестирани само во последните 24 часа.


Related Articles