Бројот на заболени од Ковид-19 во Штип секојдневно е двоцифрен. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 29 заболени, а денеска 13 лица се потврдени како позитивни на коронавирусот. Од Центарот за јавно здравје Штип во текот на претходниот ден биле земени 100 брисеви од сомнителни пациенти чии резултати ќе се знаат дури утре.

Раководителот на Центарот за јавно здравје Штип, Марија Димитрова вели дека и Свети Николе кое потпаѓа под ЦЈЗ Велес има пациенти кои имаат упат од матичен доктор за тестирање во штипскиот центар и истите не се враќаат бидејќи сакаат да им излезат во пресрет на сите кои што доаѓаат.

Она што ги загрижува здравствените власти е дека Штип е град кој има најголема стапка во однос на бројот на жители. Но посочуваат дека овие бројки не се однесуваат на фактот дека во ЦЈЗ Штип доаѓаат и пациенти од други градови кои се тестираат токму во овој град.