Брадите веќе неколку години се во мода. Доколку се решите да пуштите брада морате добро да ја негувате и внимателно да ја уредите. Таа претставува моќен штит кој природата им го подарила на мажите. Го штити лицето од изгореници, сонце, алергени и брчки, но само ако редовно се чисти и негува.

Првата предност на брадата е УВ-факторот. Истражувањата покажуваат дека брадата спречува дури 95 отсто од штетното зрачење, во зависност од густината на влакната. Брадата штити и од други надворешни влијанија како што е студ или топлина, што во исто време придонесува за редуцирано создавање на брчки.

Ако брадата е густа, особено на вратот, таа грее и штити од студениот воздух, така што може да спречи и болка во грлото и настинки. Мустаќите, од друга страна, штитат од алергии така што го блокираат влезот на алергени во носот, со што белите дробови се подобро заштитени од потенцијално опасните честички.