Бројот на новозаразени лица во Германија, Франција и Австрија руши рекорди. Денекса во германија се регистрирани 1 707 нови случаи на заболени, што е најголемото дневно зголемување од почетокот на пандемијата во април. Причината за големиот број на нови случаи, властите ја лоцираат кај граѓаните кои се враќаат од одмори, но и забави, како и од семејни собири.

Инаку Германија се смета за една од земјите кои успешно се бори против коронавирусот во споредба со многу други европски земји.

Во Франција, пак во средата беше забележано најголемо дневно зголемување на бројот на заразени од мај. Скоро 3 800 нови случаи беа регистрирани за 24 часа, соопшти одделот за јавно здравје при Министерството за здравство. Носењето маски е веќе задолжително во јавниот превоз и на јавните места на затворено во Франција.

Во Австрија во последните 24 часа исто така е забележан нов рекорд на бројот на заразени, дури 347 лица се потврдени како позитивни на вирусот. Само во Виена има 187 нови случаи на инфицирани, со што австриските власти посочуваат дека ова е најголемиот број на заразени од месец април.