Пијанечко-Малешевскиот регион и натаму бележи пораст на бројот на заболени од Ковид-19. Во текот на денешниот ден министерството за здравство информираше за нови 11 случаи на заразени, од кои 8 се само од Берово.

Од здравствениот Дом „Гоце Делчев“ во Делчево информираат дека повеќето од пациентите се во добра здравствена состојба, но дел од нив се лекуваат во здравствените установи. Во Делчево денес се регистрирани тројца позитивни на вирусот и седум негативни пациенти.

Во текот на наредните денови надлежните здравствени институции продолжуваат со тестирањата и ќе информираат за нови заразени како што ќе ги добиваат резултатите, посочуваат од Здравствениот Дом „Гоце Делчев“ во Делчево.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во овој регион се искачи на 37 лица, а четири од нив се од Македонска Каменица и Пехчево.