Министерството за здравство во текот на денешниот ден соопшти дека во Кичево само три лица се заразиле со Ковид-19, а 15 се оздравени. Директорот на Општата Болница, Станко Трпески изјави дека ова значи драстично намалување на бројот на активни случаи. Тој упати препорака до граѓаните и натаму да се придржуваат до мерките за спречување на коронавирусот кои се дадени од надлежните здравствени институции.

Бројот на активни случаи во општината се намали за 15 и сега изнесува 86 лица, додека пак вкупниот број на заразени изнесува 266 лица. Во Кичево билансот на починати е 10 лица, а 170 се излечени.

Денеска Министерството за здравство регистрираше 119 нови случаи на Ковид-19 од извршени 2065 тестирања, а 5 лица починаа. Бројот на активни случаи на ниво на Македонија изнесува 2829, а вкупниот број на дијагностицирани пациенти достигна 13 914.