Државниот здравствен и санитарен инспекторат со решение го затвори пунктот за земање на брисеви за ковид 19 на Центарот за јавно здравје – Струмица.

Директорот на Јавната здравствена установа е задолжен во најкус можен рок да обезбеди соодветна просторија во рамките на здравствена установа.

Ваквата реакција на ДЗСИ доаѓа откако опозицијата реагираше дека пунктот за земање на брисеви за Ковид-19 во Струмица е сместен во станбена зграда во која живеат луѓе и на ваков начин се секојдневно непотребно изложени на опасностите кои ги носи вирусот.