Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1410 тестирања, а регистрирани се 121 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-33, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-6, Струга-6, Велес-3, Битола-6, Охрид-11, Кавадарци-4, Гостивар-4, Гевгелија-3, Струмица-3, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-5, Македонски Брод-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-2 и Кичево-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени пациент од: Скопје-50, Куманово-32, Штип-7, Прилеп-11, Тетово-4, Струга-4, Велес-2, Охрид-2, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-1, Струмица-2, Радовиш-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-2, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-2.

Починати се 3 лица, двајца пациенти од Прилеп (63 и 83г) и еден пациент од Струга (60г). Сите се починати во болнички услови.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка е 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 129, позитивни и сомнителни на ковид-19.