Во текот на денешниот ден се состана Комисијата за заразни болести со цел да донесе одлука како и дали ќе профункционира целодневниот престој за децата кои ќе посетуваат настава со физичко присуство. Оваа одлука е многу важна за родителите бидејќи постои сериозен проблем во однос на земањето на децата од училиште во текот на работното време на родителите.

На денешниот состанок не се донесе никаква одлука, бидејќи како што велат од Комисијата за заразни болести, чекаат од Министерството за образование податоци за тоа колкав е бројот на децата, кои освен настава со физичко присуство, родителите ќе ги пријават за целодневен престој.

– Ова прашање не е сè уште решено. Како Комисија за заразни болести мора да имаме точен број на деца кои би го користеле дневниот престој по завршување на наставата. Тие податоци треба да ни ги обезбеди Министерството за образование и наука, па дури потоа да донесеме одлука, односно да препорачаме, посочи д-р. Александар Стојанов, директорот на Центарот за јавно здравје на Скопје и член на Комисијата за заразни болести.